Поранешниот француски репрезентативец Зинедин Зидан кој сега ја има улогата на спортски директор во шпанскиот Реал Мадрид, најави дека наредната сезона ќе му биде асистент на Карло Анчелоти.
– Овде сум и останувам да работам во Реал. Уживам работејќи како тренер. Знам дека не е исто да се игра фудбал, но сепак уживам во тоа, изјави Зидан.
Шпанските медиуми во изминатиот период најавуваа и можно заминување на Зидан од „Сантијаго Бернабеу„ и тоа во редовите на францускиот Бордо. Информацијата подоцна ја потврди и претседателот на Бордо, Жан Луј Трио.
– Нема да демантирам дека имаше контакти со Зидан. Но, за жал не успеавме да го ангажираме. Тој е посветен на Реал’, изјави Трио.