Рокерска ноќ во Скопје

Од:

Пред Младинскиот културен центар во Скопје в четврток ќе се слави 50 – годишното рок живеење во Македонија. Организатор на Рокерската ноќ е рок академијата „Рок – кор Орфеј“.

Претседателот на академијата Константин Икономов денеска на прес-конференција најави дека како еден од постарите членови ќе настапи со колегите од неговотот време, за како што рече, да ги потсетат младите како тие музицирале.
Симеон Иванов – Канго од рок академијата „Рок – кор Орфеј“ истакна дека академијата е активна со децении.

Влатко Плевнеш изразувајќи задоволство за учеството на Рокерската ноќ рече дека ќе даде поддршка со неговата професионалност и музичка едукација.

Дејан Шкартов, познат како Дејан Камче – Камчињата, најави заживување на групата „Коцка лед“, која постоеше од 1978 до 1982 година.

– Куруозитет е што во четврток ќе ја изложиме органата од групата, која фактички е една од органите, која има најдолна километража во рокенрол животот во Македонија. Сведоци сме како Македонија денес со крупни чекори оди напред, но сето тоа мора да се надополни со реконектирањето со нашата историја, рече Шкартов.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ