Павилјонот на Јужна Кореја ја освои главната награда „Златен лав“ на 14. Биенале на архитектура во Венеција, кое беше отворено на 7. јуни и ќе трае до 23. ноември.
„Сребрен лав“ освои чилеанската архитектонска изложба. За најдобар истражувачки проект на тема „Fundamentals“ (Основи) која ја зададе уметничкиот директор на Биеналето, Рем Колхас, е награден шпанскиот архитект Андре Жак и неговиот проекти „Офис за политички иновации“.
Во конкуренција од 65 национални изложби (павилјони) признанија добија канадската, француската и руската архитектонска изложба. Жирито додели и три специјални награди на авторите на три проекти претставени во програмата „Мондиталиа“, а меѓу нив е младата архитектка од Хрватска Ана Дана, чија изложба беше претставена во Арсенале.
Во овој дел од Венециското биенале за архитектура беше претставена и македонската изложба насловена „Findings”.
Комесар на македонското претставување е Златко Стевкоквски, директорот на МКЦ, а авторскиот тим го сочинуваат: Јован Ивановски, Александар Радевски, Ана Ивановска Дескова, Огнен Марина, Бојан Каранаков, Владимир Десков и Горан Мицковски.
А.Б.