ОН: Заздравувањето од поплавите во региoнот ќе трае до 2018 година

Од:

Координаторката на Обединетите нации во Србија Ирена Војачкова Солорано, за весникот „Блиц“ изјави дека заздравувањето од штетите предизвикани од поплавите во регионот ќе трае до 2018 година.

На прашањето кои здравствени ризици се закануваат, Солорано истакна дека на прво место е контаминација на водата, бидејќи водоснабдувањето претставува потенцијален извор на зараза. Втор проблем се луѓето што веќе биле болни и кои поради несреќата останелe без лекови и неопходни терапии. Таа додаде, дека голем проблем претставуваат и сите здравствени установи што се руинирани и не се функционални.

Според координаторката на ОН сите треба да сфатат дека ќе бидат потребни години државата да заздрави од штетите. – Сметам дека природно е да се стави фокус на енергијата, земјоделството, здравството и наводнувањето, нагласи таа.

Ирена Војачкова Солорано истакна дека ќе бидат пресметани штетите од поплавите, а владата на Србија треба да направи план и да повика донатори што ќе го забрзаат развојот во иднина.

Би можело да ве интересира

Најмалку 100 луѓе загинаа во поплавите во Непал, 67 се водат како исчезнати

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Полска: Водата однесе автомобил со деца, исчезна цел град, настрада познат хирург

(ВИДЕО) „Борис“ во Европа одзеде најмалку седум животи, илјадници семејства немаат каде да преспијат

A1on

Поради поплави затворен автопатот во Австрија, се е под вода

Предраг Петровиќ

Поплави во Полска: Едно лице се удави, 1.600 луѓе евакуирани