Девет години живеел со хирушки ножици во стомак

Од:

Ален Папац од Мостар одлучил да ја тужи Универзитетската клиника од истоимениот град, поради тоа што по девет години му пронашле хируршки ножици во стомакот, објави мостарскиот „Дневен весник“.

По рутинска операција на чир на желудник во 2003 година, во тек на интервенцијата некој од медицинскиот тим заборавил од неговата утроба да го извади инструментот, поради што тој имал постојана болка во стомакот, а дури на неодамнешниот преглед е утврдено за што се работи.

-Денес сум среќен што сум жив, а ќе видиме што ќе биде на суд. Девет години се мачев со тој проблем. Замислете живеам на село и нема што не сум работел, со тие ножици во стомакот -вели Папац.

Него го оперирал лекарот Бењамин Маркин од Гана, кој во Мостар е познат како доктор Бен, но оштетениот пациент не го обвинува него. -Бен својот дел од работата го заврши добро, но при интервенцијата некој од неговите асистенти, ја направил грешката- изјави Папац, кој по толку години мака, конечно се чувствува добро.

За време на закрепнувањето од последната интервенција кога се извадени ножиците од неговиот стомак, Папац одлучил да ја тужи болницата, но процесот пред судот во Мостар се уште не е започнат.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници