Маџиров на фестивал во Италија

Од:

Македонски поет Никола Маџиров учествува на меѓународниот поетски фестивал во Фиренца „Вочи лонтане, вочи сореле“ кој се одржува по дванаесетти пат.

Утре тој ќе настапи заедно со италијанскиот поет Нани Белестрини (1935), припадник на неоавангардното движење во италијанската литература во шеесеттите години од минатиот век.

Поезијата на Маџиров ќе се чита на македонски и италијански јазик. Негови песни беа објавени во неколку италијански поетски списанија, меѓу кои „Ателје“ и „Поесиа“.

По Фиренца, Никола Маџиров ќе настапи на Меѓународниот фестивал за поезија, музика и визуелни уметности „Софија: Поетики“ што се одржува во Софија од 13 до 15 јуни.

Би можело да ве интересира

Доаѓа документарен филм за Елтон Џон: „Приказната што досега не била раскажана“

Предраг Петровиќ

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ