Поранешниот хрватски претседател, Стипе Месиќ во Киев, каде што присуствуваше на игунацијата на новиот украинскии претседател Петар Порошенко, изјави дека единствено решение за кризата е разговор помеѓу Русија и Украина и дека тие сами најдобро можат да си помогнат.
Тој за „Хина“ рече дека украинската криза не може да се споредува со случувањата во Југославија во 90-тите години и ја отфрли шпекулацијата дека тој би можел да биде посредник во преговорите помеѓу Москва и Киев.
-Единствено решение за овој спор е кај Украина и Русија и тие мора да седнат до маса и да ги изнесат своите аргументи. Тие две држави најдобро се познаваат, бидејќи живееја долго во иста државна заедница, ги познаваат проблемите една на друга и нема причина некој да им помага- истакна Месиќ.
Тој смета дека изјавата на новиот украински претседател Петар Порошенко дека е подготвен за децентрализација на државата, но не и за федерализација, е порака за разговор.
-Порошенко упати охрабрувачки пораки, со тоа што рече дека е отворен за преговори, дека сака единство на Украина и приближување до Европската унија- нагласи Месиќ.
Е. Г.