олку добро платените луѓе се посреќни од оние кои се сиромашни, толку тие во брак се посреќни од самците, покажа британско истражување.
Откритието е дел од последната фаза на проектот за мерење на среќата и благосостојбата на Британците, кое го спроведе тамошната Канцеларија за национална статистика.
Сепак, докажано е дека зголемувањето на платите нема толкаво влијание на чувството на задоволство на некое лице, како што е тоа случај со бракот. Дури и тие кои двојно ги зголемиле приходите, се искачија на листата на најсреќните за само 0,17 поени.
Од друга страна, професионалците со повисоки плати често изјавувале дека нивните животи се исполнети, дека се посреќни и помалку анксиозни, од тие кои примаат најмали плати.