Проруските сепаратисти го повикаа Порошенко да ги повлече војниците од Источна Украина

Од:

Проруските сепаратисти од самопрогласените украински народни републики Луганск и Доњецк го повикаа новиот претседател на Украина да ја повлече армијата од нивните територии.

– Преговорите со Киев може да почнат, само по повлекувањето од наша територија на окупаторските војски. Ако Киев смета, дека ние сите сме терористи, тогаш нема за што да разговараме со нив, изјави Валери Болотов, самопрогласниот претседател на Луганската народна република.

Украинците го направија својот избор и треба да живеат со него. Што се однесува до нашата република, ние немаме дипломатски односи со Украина, изјави Болотов по повод изборот на Порошенко за претседател.

– Денеска Украина доби нов претседател и сега крвта на нашиот народ и на сите Украинци ќе биде на негова совест, изјави Болотов.

Според Андреј Суханов, командир на проруската милиција Каскада, која го контролира Славјанск, ситуацијата во Украина се наоѓа во позиција од која нема враќање.

Портпаролот на самопрогласената Доњецка Народна Република Фјодор Березин изјави дека повикот на Порошенко кон проруските сепаратисти да го остават оружјето е само повик за еднострано разоружување, уверувајќи дека такво нешто нема да се случи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми