Двајцата новинари од рускиот ТВ канал Ѕвезда Андреј Сушенков и Антон Малишев биле приведени од украинската национална гарда, јави ИТАР-ТАСС.
Тие се обвинети дека го надгледувале контролниот пункт, изјавил извор од националната гарда кој побарал да не биде именуван и додал дека новинарите во моментот се наоѓаат во Украинската служба за безбедност.
ТВ Ѕвезда претходно објави на својата веб-страница дека руската амбасада во Украина се обидува да издејствува ослободување на двајцата новинари.
Информацијата за овој инцидент пријавена е и во ОБСЕ и дипломатите се надеваат дека новинарите наскоро ќе бидат ослободени.