Пратеничка од „Свобода“ смета дека Порошенко ја понижил Украина, зборувајќи на руски јазик

Од:

Пратеникот од Националистичката партија „Свобода“ Ирина Фарион го обвини претседателот Петро Порошенко дека го понижил украинскиот јазик со тоа што зборувал и на руски при обраќањето кога стапувал на должност.

Според неа, никогаш досега при положувањето заклетва не излегол ниту еден руски збор од устата на украински претседател.

Порошенко денеска положи заклетва за верност кон народот на Украина. При обраќањето, зборувајќи им на жителите на Донбас, тој премина на руски јазик, соопштувајќи им дека наскоро ќе го посети регионот за да се воспостави дијалог со тамошните жители.

– Како претседател ќе дојдам кај вас во најбрзо време. Со проект за децентрализација на власта. Со гаранција за слободно користење на рускиот јазик во регионот. Со цврста намера да не ги делиме Украинците на „правилни“ и „неправилни“, рече Порошенко.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми