Во Киев денеска инаугурација на Порошенко за нов претседател на Украина

Од:

Во Киев денеска ќе биде одржана инаугурација на Петро Порошенко за нов претседател на Украина, на која ќе присуствуваат 56 странски делегации, а најмалку 23 делегации ќе бидат предводени од шефови на држави, влади или парламенти.

Порошенко ќе ја положи свечената заклетва на специјална пленарна седница на Парламентот. Во Украина нема законски утврден протокол за стапувањето на должност, поради што секој новоизбран шеф на државата користи свое сценарио.

Петиот претседател на Украина ќе ја постави едната рака на Уставот, а другата на Пересопницкото Евангелие (прв познат превод на евангелскиот текст на украински литературен јазик) и свечено ќе се заколне на верност кон Украина.

„Се обврзувам дека со сите свои дела ќе го чувам суверенитетот  и независноста на Украина, ќе работам за доброто на татковината и  благосостојбата на украинскиот народ, ќе ги чувам граѓанските  права и слободи, ќе го почитувам Уставот на Украина и  законите на Украина, ќе ги исполнувам обврските во интерес на  сите мои сонародници и на зајакнување на авторитетот на Украина во светот“, ќе се заколне Порошенко.

Мирот и редот на церемонијата ќе го обезбедуваат 3.300 припадници на безбедносните сили, соопшти прес-службата нма украинскиот Министерство за внатрешни работи.

На церемонијата, американската делегација ќе ја предводи потпретседателот на САД Џозеф Бајден и тој во Киев ќе има разговори со Порошенко и со премиерот Арсениј Јацењук за „плановите на украинската влада за спроведување демократски реформи, економски развој и смирување на кризата во источниот дел на земјата“, соопшти Белата куќа.

Бајден ќе има средба и со претседателот на Молдавија Николај Тимофтиј, на која ќе разговара за ситуацијата во регионот.

На инаугурацијата ќе присуствува и претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, како и претседателот на Европскиот совет херман ван Ромпуј, канадскиот премиер Стивен Харпер, францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабијус, претседателот на Грузија Гиорги Маргвалашвили и рускиот амбасадор Михаил Зурабов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми