Украинскиот премиер Арсениј Јацењук се заложи за нормализација на односите со Русија.
– Би сакал нашите односи со Русија да се нормализираат. Верувам дека истото го посакува и рускиот народ, изјави Јацењук за украинскиот Прв национален ТВ канал, пренесува ИТАР-ТАСС.
Тој исто така потенцираше дека Украина не е подготвена да се откаже од рускиот гас.
– Би можел да дадам популистичка изјава, но тоа не би било точно. Ние не можеме да се откажеме од рускиот гас, истакна украинскиот премиер.
Тој прецизираше дека за Украина да ја преживее следната зима неопходни и се седум милиони кубни метри гас.