Поранешниот напаѓач на Атлетико Мадрид, Радамел Фалкао, ќе се врати во Мадрид, но овој пат на белата страна, пренесува „SportYou“.
И покрај сите шпекулации кои со нападот на Реал го поврзуваа Луис Суарез, Карло Анчелоти на крај се одлучил за одчиниот Колумбиец, кој поради повреда ќе го пропушти Светското Првенство.
Да се потсетиме, популарниот „Тигар“ минатото лето за 60 милиони евра го напушти „Висенте Калдерон“ и го засили супербогатиот француски прволигаш.