Бобан Бабунски повеќе не е селектор на репрезентацијата

Од:

Управниот одбор на ФФМ денеска на својата редовна седница донесе одлука Бобан Бабунски да се разреши од должноста селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година и да се раскине договорот за натамошна соработка.

Одлуката за раскин на договорот со досегашниот предводник на младата репрезентација е донесена врз основа на постигнатите резултати во тековниот квалификациски циклус за пласман на ЕП 2015 година кои не соодејствуваат со предвидувањата, амбициите и квалитетот на селекцијата до 21 година.

„Бобан Бабунски, функцијата селектор на репрезентацијата до 21 година ја извршуваше од 1. јуни 2009 година во континуитет имајќи ја максималната поддршка од ФФМ. Желбата за промена и давање шанса друг кандидат да ја води селекцијата, кој со својата мотивираност, страст и голема желба ќе придонесе кон подобри резултати, се основните причини поради што членовите на УО на ФФМ едногласно ја донесоа одлуката за раскин на договорот“ – се вели во информацијата од ФФМ.

Би можело да ве интересира

Норвешки клуб мораше да помине 220 метри со автобус до европскиот натпревар поради едно бизарно правило

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Фергусон: Секако дека се плашам од тоа

Предраг Петровиќ

Нова катастрофа за Динамо: Ги „казни“ последнопласираниот Славен

Предраг Петровиќ

Платини предложи револуционерна промена во фудбалот: Бројот на играчи да се намали од 11 на 10

Предраг Петровиќ

„Не победивте поради вас, туку затоа што јас наместив

Предраг Петровиќ