Над 100 припадници на три њујоршки улични банди од Западен Харлем се уапсени и обвинети за насилства, убиства и регрутација на деца за вршење тешки злосторства, потврди Окружниот обвинител на Менхетен Сајрус Венс.
По 4,5 години истрага, покренати се 103 обвиненија против млади припадници на три банди во Харлем за две убиства, 19 пукотници и 50 инциденти во кои е користено огнено оружје, изјави вчера Венс, додавајќи дека голем дел од нив се уапсени.
– Смртоносното и опасно ривалство меѓу Менхетенвил и Големата куќа трае со децении. Изминатите четири години тоа ескалираше во крвава војна околу територии, истакна Венс.
Окружниот обвинител на Менхетен изјави дека обвинители и истражители анализирале над 40.000 затворски повици, прегледи на стотина часа снимен материјал од видео надзор и анализирале над милиони страници разменети на социјалните мрежи.
Според њујоршките власти, бандите во некои случаи регрутирале нови членови меѓу млади од 10 и 14 години за извршување на насилни злосторства.