Авион-ловец од типот „Хариер“ на Воената морнарица на САД се урна вчера во округот Империјал во американската сојузна држава Калифорнија, јави телевизијата Кеј-Ти-Ел-Еј.
Несреќата се случила во 4:20 часот по локално време во населена област. При падот на ловецот се слушнала силна експлозија и била запалена една куќа, а две згради оштетени. Во инцидентот нема повредени на земја.
Според телевизијата, пред падот пилотот успеал да се катапултира и сега се наоѓа во болница. Авионот бил од воено поморската база Јума.