Предупредувања од БиХ: По поплавите, можни се земјотреси и пожари

Од:

По катастрофалните поплави во регионот, чии што последици се уште се сумираат, босанските експерти предупредуваат дека се можни нови неволји во вид на земјотреси, големи суши и пожари.

Директорот на Федралниот хидрометеоролошки завод, Алмир Биједиќ вели дека БиХ се соочува со последици од климатските промени, на кои како мала држава не може глобално да влијае.

Според него како резултат на климатските промени, во последните петнаесетина години во БиХ се забележани шест големи поплави.

-По поплавите од овие размери, не велам дека тоа е правило но можна е појава на суша, што доведува до големи пожари. Мора да се обидеме да живееме со овие климатски промени и да им се прилагодиме, поквалитетно да управуваме со ресусите- предупеди Биједиќ.

Како голем проблем тој го наведе фактот што на ниво на државата не постои институција за метеорологија, како ни радарски систем.

Директорот на Федералниот завод за геологија, Хазим Хрватовиќ нагласи дека има подрачјата во БиХ кои се зафатени со лизгање на земјиште.

– Познато е дека подрачјето на Тузла има одредена сеизмичка активност и тука може да се очекува земјотрес со магнитуда од 4 до пет степени според Рихтеровата скала. Кога ќе се случи тоа, никој не го знае, бидејќи такви проценики нема. Би било голема штета доколку земјотресот се случи во услови какви што имаме сега, бидејќи сигурно ќе предизвика поголемо лизнање на земјиштето-наведе Храватовиќ.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници