„Гаучосите“ убедливи против Тринидад и Тобаго

Од:

Аргентинската фудбалска репрезентација која се подготвува за настапот на претстојниот Мундијал, ноќеска со убедливи 3:0 го совлада Тринидад и Тобаго, иако според шансите победата можеше да биде со многу поголема разлика.

Откако Лионел Меси и Лавеци не реализираа неколку убави шанси, Родриго Паласио во судиското надополнување од првото полувреме го отвори резултатот. Хавиер Маскерано во 51.минута зголеми на 2:0, а конечниот резултат го постави Макси Родригез во 64.минута.

Ноќеска покрај Аргентина уште две репрезентации од Јужна Америка забележаа победи на пријателски натпревари во рамките на подготовките за Светското првенство во Бразил кое почнува за седум дена. Уругвај со 2:0 ја совлада Словенија, додека Чиле со истиот резултат беше поуспешен од Северна Ирска 2:0.

На последниот пријателски ноќешен дуел Брегот на Слоновата коска го победи Салвадор 2:1.

Би можело да ве интересира

Норвешки клуб мораше да помине 220 метри со автобус до европскиот натпревар поради едно бизарно правило

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Фергусон: Секако дека се плашам од тоа

Предраг Петровиќ

Нова катастрофа за Динамо: Ги „казни“ последнопласираниот Славен

Предраг Петровиќ

Платини предложи револуционерна промена во фудбалот: Бројот на играчи да се намали од 11 на 10

Предраг Петровиќ

„Не победивте поради вас, туку затоа што јас наместив

Предраг Петровиќ