Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави денeска дека постои можност да има средба со рускиот претседтаел Владимир Путин на комеморацијата во Франција оваа недела по повод одбележувањето на годишнината од сојузничкиот напад во Нормандија.
– Како што стојат сега работите, мојот состанок со Путин не е предвиден. Не исклучуваме сепак, можност да има состанок во кој било формат, изјави Порошенко на прес конференција во Варшава.
Тој додаде дека мировниот план за запирање на насилните судири меѓу сепаратистите и владините сили во Источна Украина предвидува децентрализација на власта, широка амнестија и избори за локални власти. Тој рече дека за планот разговарал со лидерите на САД, Канада и европски држави за време на посетата на Полска.