Силата пред убавината

Од:

Мажите на Блискот исток сакаат силни жени – или барем жени со физички карактеристики кои соодветствуваат со доминацијата.

Кај многу култури, мажите главно сакаат жени со женствени карактеристики, како што се јадри очи, мали вилици и меко заоблени образи, затоа што тие карактеристики асоцираат на плодност. Но според едно ново исражување од Универзитетот во Турки во Финска, мажите кои живеат во Саудиска Арабија и во Иран, многу повеќе од мажите кои живеат во многу европски, американски и азиски земји, за попривлечни ги сметаат жените со машки карактеристики.

Урсула Марчинковска, авторот на истражувањето, испитала бројни податоци кои укажуваат на можни објаснувања за карактеритиките кои ги бараат мажите од регионот, вклучувајќи ги и културните сексуални норми и бруто националниот приход, и открила силни врски помеѓу ситуациите во здравството во различни држави и машкиот афинитет кон женственоста.

Таа открила дека мажите кои живеат во земји со сиромашен здравствен систем, се повеќе наклонети кон жени со машки карактеристики, како што се дебели веѓи и силни вилични коски.

– Постои општо мислење за убавината која вкрстува култури, вели таа. „Не постојат општества каде помажествените жени или жените кои се во постменопауза ќе бидат сметани за привлечни. Но постојат разлики во моќта на посакуваните карактеристики во врска со женственоста – а тоа се навистина големи разлики“.

За истражувањето, Марчинковска анкетирала две илјади мажи од 28 земји, од кои побарала да рангираат разни верзии од исти женски лица кои биле модифицирани да изгледаат повеќе или помалку мажествено. За борјките од националните здравствени системи, Марчинковска користела осум точки на податоци, меѓу кои и за животниот век, за смртност кај родилките и за смртноста кај децата.

Египет не е една од 28-те земји кои Марчинковска ги оценувала во истражувањето, но земјата има сличен здравствен систем со Иран, каде се пронајдени едни од најубедливите афинитети кон силните жени, вели таа. Според извори од Светската здравствена организација, животниот век во Египет е 69 години за мажи и 74 години за жени, во споредба со 72 и 76 години во Иран. Причините за сличност не се јасни, вели Марчинковска, но претходни истражувања покажале дека жените кои имаат повеќе тестостерон, кој пак може да се манифестира преку мажествените карактеристики на нивните лица, се сметаат како физички посилни.

– Ние сме животни, па на овој свет сме дојдени со извесни механизми кои еволуирале низ генерации и генерации наши претци, вели таа. „Од гледна точка на нашата еволуција, победуваат индивидуите кои успеале доволно долго да преживеат за да донесат на свет здрави потомци“.

Во поголемиот дел од човештвото, ова „биолошко правило“ ги предизвикувало мажите да бараат плодни партнери, вели Марчинковска. Но во земји каде децата имаат помали шанси да живеат доволно долго за да остарат, мажите можеби избираат да бараат партнер за кој тие сметаат дека е подобро опремен за одгледување деца.

– Женствени жени се сметаат како помалку доминантни, а истовремено и за помалку способни за обезбедување ресурси, вели таа. „Во таквите околности, мажите можеби се повеќе привлечени од силата и доминацијата“.

Дејли њуз Иџипт – Каиро

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска