Луганск: Борбите продолжуваат, 6 жртви

Од:

Украинската војска соопшти дека нејзините сили во Луганск го напуштиле контролниот пункт, бидејќи останале без муниција поради десетчасовна борба со проруските сили.

Во соопштението се наведува дека во текот на тие борби загинале шест припадници на проруските сили, а повредени се тројца украински војници, пренесе „Асошиејтед прес“.

Борбите на исток на Украина ескалираа по претседателските избори, кои се одржаа на 25 мај, на кои победата ја однесе Петар Порошенко.

Повеќе стотици бунтовници во понеделник започнаа офанзива врз базите на украинската војска во предградијата на Луганск, користејќи автоматско оружје и гранати.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми