Интензивирање на соработката меѓу македонските и српските писатели

Од:

Претседателите на македонската и на српската асоцијација на писателите Веле Смилевски и Радомир Андриќ денеска ја утврдија програмата за соработка во наредните четири години.

Друштвото на писателите на Македонија соопшти дека релациите воспоставени меѓу двете асоцијации подразбираат соработка на различни нивоа, и тоа на планот на издавачката дејност, списанијата, книжевните манифестации, симпозиумите и саемите на книгата.

Заедничка е оценката дека она што до сега е постигнато е добра основа за проширување и интензивирање на соработката со цел натамошна афирмација на естетски валидните и потврдени литературни вредности во двете културни средини, се наведува во соопштението.

Договорено е меморандумот за соработка меѓу Друштвото на писателите на Македонија и Здружението на писателите на Србија, врз основа на утврдената програма, да биде потпишан во септември оваа година во Белград.
Во ДПМ денеска се одржа и литературна средба на која настапија српските писатели Радомир Андриќ, Душан Стојковиќ, Јеремија Лазаревиќ и Милица Лилиќ, како и македонската писателка Гордана Стојковска, која е член и на Здружението на писателите на Србија.

Би можело да ве интересира

Доаѓа документарен филм за Елтон Џон: „Приказната што досега не била раскажана“

Предраг Петровиќ

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ