Добри вести: Имате помалку килограми отколку што мислите

Од:

Како што се приближува сезоната на костими за капење, се почесто се одлучуваме да застанеме на вага и храбро да погледнеме кон стрелките. Но некои од нас, од таа бројка одземаат и до два килограми, бидејќи при мерењето носиме фармерки, маици, долни веш, па дури и чорапи. Познато, зар не?

Токму со овој феномен се позанимаваа и научниците во новата студија објавена на списанието International Journal of Obesity, и со истражувањето открија колку навистина килограми можеме да одземеме со оглед на облеката.

Научниот тим од Универзитетот во Северна Дакота за потребите на истражувањето, учесниците ги мереле со и без облека и тоа во различни годишни времиња и сакале да проверат дали во текот на мерењто во зимска облека може да се одземе повеќе килограми отколку во летната облека, јави „Тајмс“.

Конечните резултати покажуват дека мажите и жените се разликуваат и по прашњето на тежината на облеката. Па така мажите почесто се мерат во потешка облека, додека женте се склони кон облекување нешто полесно пред да застанат на вагата. Крајните бројки покажуваат дека мажите после мерењето во облека можат да одземат околу 1,13 килограми, додека жените можат да одземат нецел килограми, поточно 900 грама. А тоа се однесува, напоменуваат научниците, за секое годишно време. Затоа ако се мерите во волнен џемпер или пак во поткошула, сега точно знаете колку облеката точно додава на тежината.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ