Околу 4.000 Украинци побарале азил во Русија, бегајќи од борбите во Источна Украина, соопшти директорот на Федералната миграциска служба на Русија, Константин Ромодановски.
Москва побара од ОН создавање на „хуманитарни коридори“ во источниот дел на Украина.
– Околу 4.000 лица поднеле барање за бегалски статус или привремен азил во миграциските служби, изјави Ромодановски на прес конференција.
Руските миграциски служби не прецизираат колку од барањата се прифатени, но во април објавија дека Украина е на прво место меѓу земјите, чии граѓани бараат азил во Русија.