„Народниот градоначалник“ на Славјанск, Вјачеслав Пономарјов изјави дека утрово во нападите на украинската војска, кои се насочени на центарот на градот и селото Семењовк, загинал еден цивил пренесе „Интерфакс“.
Како што се наведе покрај Славјанск, борби во текот на ноќта имало и во Краматорск, особено на локалниот аеродром.
Според најновите извештаи, тројца припадници на проруските сили загинале во село Јаснохирк во предградие на Краматорск, откако украинската војска со граната го погодила автомобилот во кој што се наоѓале, наведува „Итар тас“.
Е. Г.