Централната изборна комисија на Украина денеска ги објави официјалните резултати од претседателските избори на 25 мај во земјата, јави ИТАР-ТАСС.
Според нив Петро Порошенко добил 54,70 проценти од гласовите. Јулија Тимошенко има 12,81 отсто, а на трето место е лидерот на Радикалната партија Олег Лашко со 8,32 проценти од гласовите.
На изборите гласале 18.019.504 жители со право на глас.