Судири меѓу украинските сили и сепаратистите во Луганск и Славјанск

Од:

Неколкумина украински граничари се ранети при напад на проруските сепаратиситчки сили во во близина на југоисточниот украински град Луганск, додека петмина цивили се повредени при воена операција на Армијата на Украина во Славјанск.

Проруската сепаратистичка т.н. „Армија на југоистокот“ денеска соопшти дека петмина цивили биле ранети синоќа од страна на украински војници, за време на нивната операција во Славјанск.

– Пет цивили се повредени во синоќешниот хеликоптерски напад на градот, кој заврши околу 21 часот по локално време, соопшти Штабот на проруските сили во Славјанск.

Во извештајот се додава и дека војниците нападнале неколку градски населби, а жителите на Славјанск ја поминале минатата ноќ во засолништа.

Во меѓувреме, украинската Државна гранична служба соопшти дека во моментот се водат борби меѓу проруските сили и граничарите во близина на касарната во Луганск, при што неколку војници се повредени.

Судирите меѓу украинската војска и проруските сили во источниот дел на Украина ескалираа минатата недела откако сепаратистите се обидоа да го заземат меѓународниот аеродром во Доњецк, а беше урнат и еден украински воен хеликоптер.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми