Ослободени четворицата набљудувачи на ОБСЕ во регионот на Доњецк

Од:

Проруските сили за самоодбрана во регионот на Доњецк потврдија дека ги ослободиле сите заробени набљудувачи на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ), јавија денеска руските медиуми.

-Во овој момент немаме набљудувачи на ОБСЕ. Сите што минатата недела беа притворени, се пуштени, потврди градоначалникот на Славјанск, Вјачеслав Пономарјов.

Руските агенции наведуваат дека во четврток Пономарјов изјави дека е притворена група од четворица набљудувачи на ОБСЕ, кои исчезнаа два дена претходно на југот на Доњецк и прецизира дека тие не се уапсени, туку само притворени и можно во секој момент е да бидат пуштени.

Набљудувачите, според него, биле ангажирани за собирање разузнавачки податоци.

„Гласот на Русија“ пренесува дека претходно ОБСЕ соопшти дека го загубиле контактот со еден од своите мониторинг тимови кои рабатотат во регионот на Доњецк и дека екипата се состоела од четири лица – државјани на Естонија, Турција, Швајцарија и Данска.

Рускиот амбасадор во ОН,Виталиј Чуркин, на седницата на Советот за безбедност, претходно неделава изјави дека главна одговорност за безбедноста на набљудувачите на ОБСЕ ја има земјата домаќин.

Би можело да ве интересира

Руските сили ја презедоа контролата врз градот Новогородовка во Доњецк

Русија зазеде уште едно важно место во Доњецк

(ВИДЕО) Гранатиран трговски центар во близина на Доњецк, има мртви и ранети

Горан Наумовски

Доњецк: Најмалку две жртви, четворица ранети во украински ракетен напад

А1он

Началникот на руската војска: Фокусот на Москва е „ослободувањето“ на украински Доњецк

А1он

Снимка од нападот на окупираниот Доњецк

А1он