Постои заговор за купување на Светското првенство во фудбал во Катар

Од:

Постои широк заговор за купување на организацијата на Светското првенство во фудбал во 2022 година во Катар, тврди британскиот неделник „Сандеј Тајмс“.

Според овој весник, неговиот новинарски истражувачки тим успеал да обезеди „доволно силни докази„ за тоа дека се давани пари и подароци за членови на извршното тело на ФИФА за да гласаат во прилог на кандидатурата на оваа мала земја во Персискиот Залив.

Како главен виновник весникот го посочува Катарецот Мохамед Бин Хамам, поранешен заменик претседател на Светската фудбалска федерација, објаснувајќи дека се откриени бројни документи и електронска пошта кои ги потврдуваат поранешните сомневања дека организацијата на првенството во Катар, што ќе се оддржи по осум години, е добено на нечесен начин и со давање поткуп.

Најголемиот број функционери во ФИФА, осомничени дека примиле поткуп или на кои им се нудени пари и скапи подароци, потекнуваат од повеќе африкански земји, но меѓу осомничените има и функционери од земји од други страни на светот.

Бин Хамам во 2011 година се повлече од сите свои функции во ФИФА, откако британските весници првпат се посомневаа во чесноста на одлуката малечкиот Катар, без никаква фудбалска култура и традиција и со исклучуелно високи температури во текот на летото, да ги победи своте противкандидати и да биде избран за домаќин на првенството во 2022 година.

Катарската фудбалска асоцијација ги отфрли ваквите обвинувања и улогата на Бин Хамам во добивањето на организацијата.

Во Катар велат дека тој не бил дел од официјалниот тим што стоеше зад кандидатурата на земјата, туку дека делувал како „одделен поединец“.

Фудбалската федерација на земјата-домаќин тврди дека функционерите на ФИФА од разни земји ,за кои се тврди дека примиле поткуп, всушност, само „добиле стандардни грантови“ за разни комунални проекти во нивните земји.

Лондонскиот весник,сепак, бара од ФИФА целосна и детална истрага за тоа како токму Катар беше избран за домаќин на едно светско првенство, но бара и одговорност за „постоечката корупција“ во ФИФА и оставка од актуелниот преседател Сеп Блатер.

Претседателот на британската парламентарна комисија за медиуми и спорт, Џон Витингдејл, за весникот изјави дека откритието на „Сандеј тајмс“ ја налага потребата за ново гласање околу домаќинот на првенството во 2022 година.

Би можело да ве интересира

Норвешки клуб мораше да помине 220 метри со автобус до европскиот натпревар поради едно бизарно правило

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Фергусон: Секако дека се плашам од тоа

Предраг Петровиќ

Нова катастрофа за Динамо: Ги „казни“ последнопласираниот Славен

Предраг Петровиќ

Платини предложи револуционерна промена во фудбалот: Бројот на играчи да се намали од 11 на 10

Предраг Петровиќ

„Не победивте поради вас, туку затоа што јас наместив

Предраг Петровиќ