Google го посвети своето лого на „Денот на детето“

Од:

Првиот ден од јуни во многу земји се прославува и како ден на детето, односно Меѓународен ден за заштита на децата, по тој повод Google го посвети своето лого токму на детето.

Еден од најстарите интернационални празници за кој е донесена одлука да се празнува од 1925 година за време на „Светската конференција за зголемување на благосостојба на децата“ во Женева.

Сеуште не е познато зошто е одлучено токму овој ден да биде Ден на детето, Според една верзија, во 1925 година генералниот конзул на Кина во Сан Франциско собрал една група од кинески сирачиња и во нивна чест направил Фестивал на чамците-змејови на 1. јуни.

Знамето на меѓународниот ден на детето е со зелена позадина на која е прикажана земјината топка што симболира раст хармонија, свежина и плодност. Околу топката има стилизирани фигури со црвена, жолта, сина, бела и црна боја кои преставуваат заенички дом за сите, разновидност и толеранција.

Интересно е дека овој празник активно е поддржан од земјите кои го избрале социјалистичкиот пат за развој.

Во времето на Социјалистичкиот сојуз на 1 јуни во училиштата започнувал летниот распуст.

Би можело да ве интересира

Гугл ќе ја брише историјата на локација на оние кои ги посетуваат клиниките за абортус

Ана Ололовска

Мексико го казни Гугл со речиси 240 милиони долари

Ана Ололовска

Гугл го блокираше каналот Дума ТВ на Јутјуб

Ана Ололовска

Германските медиуми незадоволни од понудата на Гугл за користење на содржините

Ана Ололовска

Рекламирањето многу ги зголеми приходите на Гугл кон крајот на 2021 година

Ана Ололовска

САД го тужат Гугл за следење без дозвола од корисниците

Ана Ололовска