Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров призна дека во борбите во Украина учествуваат чеченски доброволци

Од:

Првиот човек на Чеченија, Рамзан Кадиров, вчера во интервју за руска телевизија, призна дека во борбените дејствија во југоисточна Украина учествуваат доброволци од Чеченија, но уште еднаш ги негираше тврдењата на украинските медиуми дека во Донбас дејствувале батаљони, формирани од Чеченци, соопшти сајтот Лента.ру.

Во интервју за телевизијата „Росија-1“ Кадиров изјави дека во овој дел од Украина „несомнено има Чеченци“, вклучучувајќи и негови познаници.

Според него, станува збор за „еден или двајца соработници“ на батаљонот „Југ“ или „Восток“.

-Таму, според наши пресметки, има само 14 Чеченци. А што ќе се случи, ако таму се испрати батаљон? Ги советувам украинските фашистички власти да не зборуваат дека ние сме терористи, екстремисти. Чеченците никогаш не биле терористи и екстремисти!, изјави Кадиров.

Според него, ако некој доброволно одлучил да отиде во југоисточна Украина, во неговата татковина немаат право да го запрат, затоа што тоа си е негова одлука.

Кадиров додаде дека давањето наредби е надлежност на врховниот командант, претседателот Владимир Путин.

-Ние чекаме наредба. Ако се даде наредба, со задоволство ќе ја исполниме, затоа што воинот е заштитник на народот, на татковината. Ние сме пешадија, војници! Повеќе пати сме докажале дека сме достојни патриоти на големата држава Русија. Ако има наредба, ние, несомнено, ќе заминеме и тогаш украинските медиуми навистина ќе има за што да зборуваат, предупреди чеченскиот лидер.

На 27 мај Кадиров на својот блог напиша декла во украинскиот конфликт не учествуваат никакви чеченски војници, уште помалку чеченски „воени единици“.

Би можело да ве интересира

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски

Две лица загинаа во Суми, 12 се повредени