Астахов: Русија да прифати евакуирање на деца од Украина

Од:

Рускиот комесар за права на децата, Павел Астахов ја повика Владата на Русија да обезбеди засолниште за украинските семејства со деца од областите на југоисточниот дел на Украина, каде што имало судири.

– Добив голем број барања од руски државјани, чии роднини, кои се граѓани на Украина, се наоѓале во областите на воените активности во југоисточниот дел на земјата каде што се води братоубиствена војна. Тие побараа помош нивните роднини со деца да бидат евакуирани на руска територија, порача Астахов.

Тој, исто така, испрати телеграми до министрите и гувернерите на регионите кои се граничат со Русија, барајќи од нив да ги решат сите формалности за организирање на евакуација, премин на границата и обезбедување легален статус за овие семејства во Русија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми