Српскиот патријарх Иринеј од денеска до 2 јуни ќе престојува во Тирана, каде ќе присуствува на осветувањето на Соборниот храм Воскресение Христово, соопшти Српската православна црква.
Се очекува на настанот да присуствуваат повеќето поглавари на околните православни цркви.
Во придружба на патријархот ќе бидат митрополитот црногорско-приморски Амфилохие и епископот рашко-призренски Теодосие.