Во близина на каменолом кај српскиот град Рашка, пронајдена е масовна гробница во која имало 27 тела. Според направените ДНК анализи починатите тела се на косовски Албанци, кои загинале во војната во 1998 и 1999.
Комисијата за исчезнати лица на Србија соопшти дека процесот на идентификација на жртвите се уште трае и имињата на жртвите нема да бидат објавени додека не заврши целиот процес и фамилиите на починатите не бидат известени.
Како последица на војната во Косово околу 1.700 лица се уште се водат како исчезнати.