Нов тригодишен договор на Венгер со Арсенал

Од:

Францускиот фудбалски стручњак Арсен Венгер потпиша нов тригодишен договор со Арсенал.

Вол информацијата објавено на официјалната веб страна на клубот само се наведува дека Арсенал и Венгер постигнале договор за негов ангажман се до 2017 година, но нема информација за финансиските детали.

Венгер кој досега го предводел Арсена на вкупно 1.010 натпревари, не го криеше задоволството од продолжувањето на соработката.

– Клубот секогаш имаше доверба во мене, за што сум особено благодарен. Сакам да останам и да продолжам да го развивам тимот, изјави Венгер.

Венгер кој во Арсенал е од 1996 година со лондонскиот клуб освои 12 трофеи во трите натпреварувања во Англија од кои три шампионски титули.

Венгер кој цели седумнаесет години е на кормилото на „Топџиите“ е тренер со најдолг стаж во една екипа од Премиер лигата. Во сите 17 сезони французинот успеа да го одведе Арсенал во Лига на шампиони и на тој начин да го израмни рекордот на Реал Мадрид по бројот на последователни настапи во елитното натпреварување.

Арсенал изминатата сезона ја започна одлично и долго време беше лидер на табелата, но на крајот мораше да се задоволи со четвртото место. Сепак „Топџиите“ го освоија ФА Купот, но на шампионски триумф во Премиер лигата, тимот од Лондон чека веќе 10 сезони.

Би можело да ве интересира

Норвешки клуб мораше да помине 220 метри со автобус до европскиот натпревар поради едно бизарно правило

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Фергусон: Секако дека се плашам од тоа

Предраг Петровиќ

Нова катастрофа за Динамо: Ги „казни“ последнопласираниот Славен

Предраг Петровиќ

Платини предложи револуционерна промена во фудбалот: Бројот на играчи да се намали од 11 на 10

Предраг Петровиќ

„Не победивте поради вас, туку затоа што јас наместив

Предраг Петровиќ