Мрачни тајни на Роналдо: Се тепал со крадци, крадел од чистачки

Од:

Кристијано Роналдо е еден од малкуте фудбалери , кои го одбележаa модерниот фудбал. Но, неговиот пат до најдобар фудбалер на светот, не бил толку лесен. За тоа сведочи книгата „ЦР7- Тајни машини“, на авторите Луис Мигел Переира и Хуан Игнасио Гаљардо, според која одекна вест дека Роналдо во зголбот на десната нога има повеќе коски.

Најдобриот играч на Реал Мадрид, како тинејџер се тепал со крадци, на училиште не заминувал поради банди, но дури и крадел храна од соиграчите и чистачите од тренинг центарот Спортинг.

Толку бил надвор од контрола, поради што тренерите на лисабонскиот Спортинг биле загрижени дека има сериозни психички проблеми.

-Секогаш имаше храброст и беше незапирлив. На теренот секогаш одеше по противниците, но и надвор од теренот имаше ист став-истакна тренерот на Роналдо, од јуниорските денови, Луис Мартинс.

Во книгата пишува и дека Роналдо не го сакал училиштето, дека локалните банди го бркале, но сепак се појавувал на секој тренинг. Во интерната документација на Спортинг има доста податоци за неговата недисциплина.

-Кристијано Роналдо украде чај од соиграч и два јогурти од чистачката Дона Емелија. Истиот ден ја украде и ужината на Руиј Лопес-стои во интерната книга, во која се наведува дека тоа го правел затоа што знаел дека храната е здрава.

Тренерите во Спортинг пишувале дека тој веќе ги искористил дозволените 50 проценти одсуство од часовите по португалски јазик, историја, математика, физика, хемија, англиски јазик, наука, уметност, физичко и техничко.

ronaldoTopka

-Играчот стравува да се појави на училиште поради судир со банда, но сепак доаѓа неколку пати за да игра фудбал, а не за да присуствува на часови-запишале тренерите.

Мартинес во ноември 2000 година, изразил загриженост поради однесувањето на Роналдо.

-Ова момче очигледно има проблем со емоционалната стабилност и често губи контрола над своето однесување. Со оглед на тоа што се уште е незрела и неформирана личност, убедени сме дека заслужува психичка помош. Чувствував дека тогаш требаше да реагирам. Агенти и клубови веќе започнаа да покажуваат интерес за него. Неговото лошо однесување можеше да биде фатално, доколку не се реагираше на време-вели Мартинес.

Роналдо создавал главоболки и на управата на Спортинг, поради тоа што премногу време поминувал во теретана. Неколку пати кришум влегувал и работел на своите мускули.

-Во тек на четирите години, не ми текнува на разговор за Кристијано, кој излегувал навечер, бидејќи имавме многу момчиња кои што бегаа. Околу полноќ секогаш проверував дали спијат, да ги предупредам, но тој остануваше во теретана, вежбајќи на мускулите. Потоа тоа го правеше и во собата-раскажува менаџерот на тренинг-центарот Нуно Нар.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Норвешки клуб мораше да помине 220 метри со автобус до европскиот натпревар поради едно бизарно правило

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Фергусон: Секако дека се плашам од тоа

Предраг Петровиќ

Нова катастрофа за Динамо: Ги „казни“ последнопласираниот Славен

Предраг Петровиќ

Платини предложи револуционерна промена во фудбалот: Бројот на играчи да се намали од 11 на 10

Предраг Петровиќ

„Не победивте поради вас, туку затоа што јас наместив

Предраг Петровиќ