Напад врз детска болница во Славјанск

Од:

Украинската војска и денеска продолжи со нападите врз градот Славјанск, при што утрово гранати ја погодиле и градската детска болница, јави руската телевизија на англиски јазик „Раша тудеј“.

Според истиот извор, засега нема информации за евентуални жртви или повреди при нападот врз болницата што се наоѓа во центарот на Славјанск.

Украинската армија неделава ја засили воената офанзива против проруските сепаратистички сили во реонот на Доњецк, употребувајќи тешка артилерија, воени летала и оклопни едници. Во судирите во овој град досега загинаа десетици лица.

Во меѓу време, новоизбраниот претседател на Украина, Петро Порошенко, вети дека ќе бидат казнети проруските сили кои вчера соборија украински воен хеликоптер, шри што загинаа 14 војници, вклучувајќи и еден генерал.

slavjanskBolnica

– Мораме да направиме се што можеме за да бидеме сигурни дека ниту еден Украинец повеќе нема да биде убиен од рацете на терористите и бандите. Тие злосторства на непријателите на украинскиот народ нема да минат неказнето, рече Порошенко.

Украинскиот министер за одбрана Михаило Ковал пак изјави дека армиските сили  „во целост ги исчистиле од сепаратистите“ јужните и западните делови на Доњецк и северните реони на Луганск.

– Нашата задача е да создадеме услови за мир и ред во регионот, рече Ковал и повторно ја обвини Русија за спроведување на „специјални операции“ во источниот дел на Украина.

Тој рече дека украинските сили ќе продолжат со воена операција во пограничното подрачје „се додека тие региони не почнат да живеат нормално и додека не биде воспоставен мир“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми