Парламентот на Абхазија побара оставка на претседателот и го разреши премиерот

Од:

Парламентот на грузискиот сепаратистички регион Абхазија побара од претседателот на оваа самопрогласена република, Александар Анкваб предвремено да се откаже од своите овластувања.

Со истиот декрет, како што јави ИТАР-ТАСС, пратениците му изгласаа недоверба и на премиерот Леонид Лакербај.

За документот гласаа 20 пратеници, а 1 беше воздржан.

– Одлуката е донесена поради тензичната политичка ситуација во државата и има за цел зачувување на јавниот мир и стабилност на земјата, се наведува во текстот на усвоениот декрет.

Опозициските лидери го критикуваат Анкваб, кој беше избран на функцијата во 2011 година, за пораст на сиромаштијата и корупцијата. Во вторникот во центарот на главниот град се одржа голем митинг на опозицијата, на кој беше побарана оставка на Владата, на главниот обвинител и на шефовите на источните области во земјата.

По неуспешните преговори меѓу претседателот и опозицијата еден од опозициските водачи Раул Хаџимба изјави дека Координацискиот совет на опозициските партии и организации презема „привремена контрола на републиката “и ќе ги формира сите неопходни структури во Абхазија.

Опозициските структури упаднаа во зградата на претседателската администрација. Анквеб успеа да избега, а подоцна се согласи да ја распушти Владата, но одби и самиот да поднесе оставка.

Во интервју за телевизијата „Абхазија-ТВ“ тој овие настани ги оцени како обид за насилно преземање на власта и директно ја обвини опозицијата дека организирала државен удар.

Би можело да ве интересира

Бжанија: Останувам на функцијата избран претседател на Абхазија

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Демонстрантите во Грузија упаднаа во парламентот, не сакаат да го напуштат

ВИДЕО: Демонстрантите го презедоа Собранието во Абхазија, претседателот избега

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Граѓаните на Грузија повторно на улица, бараат нови избори

А1он

(ВИДЕО) Десетици илјади луѓе на улиците во Грузија, ја молат Европската Унија за помош: „Ние не ја сакаме Русија“

А1он