Најмалку 14 украински војници се убиени денеска при соборување на воен хеликоптер од проруски сепаратисти, соопшти претседателот на Врховната рада и вршител на должноста претседател Олександар Турчинов, јави ИТАР-ТАСС.
На седница на парламентот Турчинов изјавил дека меѓу загинатите е еден генерал. Убиените војници требало да бидат сменети од своите колеги во рамките на редовна ротација на единиците.
Борците на т.н. народен доброволен корпус во Источна Украина претходно објавија дека собориле воен хеликоптер на армијата во градот Славјанск.