ЕУ испраќа уште 350 војници во БиХ за помош на настраданите во поплавите

Од:

Околу 350 европски војници ќе бидат мобилизирани за зголемување на европските сили во Босна и Херцеговина и пружање помош на локалната армија во мисиите за помош на настраданите во поплавите што ја погодија земјата.

Војници на три резервни дивизии на КФОР од Австрија, Британија и Словачка, од денеска ќе почнат да пристигнуваат во БиХ, се наведува во соопштението.

Осумнаесет години по војната во БиХ 1992-1995 година над 600 странски војници се распоредени во рамките на операциите на КФОР во Босна.

– Донесена е одлука дополнителните сили да пристигнат во БиХ во рамките на околу две недели за обуки, но со оглед на поплавите, тие ќе помогнат на босанската армија во операциите за помош на настраданите, изјави портпаролот на КФОР во Босна и Херцеговина Џим Лав.

Според Лав војниците ќе останат во БиХ неколку недели.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници