Самопрогласениот „народен градоначалник“ на Славјанск потврди дека се приведени набљудувачите на ОБСЕ

Од:

 Проруските сили во Украина утринава потврдија дека ги притвориле набљудувачите на ОБСЕ.

Самопрогласениот „народен градоначалник“ на градот Славјанск Вјачеслав Пономарев изјави дека неговите борци држат четворица набљудувачи на ОБСЕ.

Пономарев истакна дека набљудувачите се безбедни и најави нивно брзо ослободување. Тој не изнесе никакви услови за нивно ослободување.

Рускиот амбасадор во ОН Виталиј Чуркин потврди дека има еден руски граѓанин меѓу едната група набљудувачи на ОБСЕ.

Претседателот на Швајцарија и шеф на ОБСЕ Дидие Буркхалтер остро го осуди задржувањето на набљудувачите во источниот дел на Украина нарекувајќи го „чин на саботажа“ и повика за нивно моментално и безусловно ослободување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми