Фудбалерот на мадридски Атлетико, Диего Роблас, го договорил својот трансфер во редовите на турскиот тим Феднербахче.
29-годишниот Бразилец, кој изминатата сезона одигра само 13 натпревари за Атлетико во кои постигна 9 голови, вклучувајќи го и голот против Барселона во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
– Се договорив со Фенербахче. Остана само да ги минам лекарските прегледи. Кон крајот на оваа седмица ќе се разделам од Атлетико, по што заминувам за Истанбул да го потпишам договорот со Фенербахче, изјави Диего за шпанските медиуми.
Бразилецот откри дека со тимот од Босфорот ќе потпише три годишен договор, но не сакал да ја открие и сумата за која ќе го направи тоа.