Училиште во градот Славјанск во источна Украина, денеска беше цел на артилериски налад, јави ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на локалните проруски сепаратистички власти.
Според истите зивори, нападот го извршиле припадници на украинските вооружени сили.
Нема информации за жртви при нападот, освен што се наведува дека е пробиен покривот на училиштето и дека „децата и наставниците се сокриле во порумот на зградата“.
Во исто време, портпаролот на Штабот кој раководи со „антитерористичката операција“ на украинските сили, Владислав Селезњов изјави дека проруските сепаратисти вршат напади врз населбите во Славјанск, со цел да ја дискредитираат армијата.
– Терористите продолжуваат со провокациите. Тие вршат минофрлачки напади врз станбени згради и училишта, со цел локалните жители да мислат дека тоа го прават украинските сили, изјави Селезњов.