Возрасен маж загина од надојдени води во северозападниот романски округ Клуж, објави денеска весникот „Евениментул зилеј“.
Поројните дождови предизвикаа голема материјална штета и земаа една жртва во селото Магура, во округот Клуж. Водите вчера однеле 73-годишен пензионер додека ги хранел животните во дворот на својата куќа. Поплави го зафатија и соседниот округ Бистрица-Насуд.
Над 30 домови и фарми во североистичниот округ Васлуј, синоќа беа поплавени од поројни дождови, а окружниот пат е покриен со кал и тиња во должина од пет километри, објави весникот „Путерија“.
Националната метеоролошка агенција денеска објави предупредување со жолт ког за дожд и град во окрузите Арад и Бихор во Западна Романија и Неамт, Васлуј и Јаши во североисточниот дел на земјата.