Во Доњецк воведен полициски час

Од:

Лидерите на самопрогласената Народна Република Доњецк, воведоа полициски час од 22 до 06 часот наутро, по локално време.

Полицискиот час е воведен поради моменталната состојба во градот и антитерористичката акција, која украинските безбедносни сили се уште ја спроведуваат.

Јавниот сообраќај е во прекин, а медиумите го предупредуваат населението да не излегува надвор, освен во случај на неопходни потреби. Исто така граѓаните ќе мора во секој момент кај себе да имаат лични документи, а лидерите на НДР побараа од луѓето да не ги паркираат своите автомобили на улиците околу зградите на административните управи, наведе „Гласот на Русија“.

Според зборовите на Денис Пушилин кој што претседава со Врховниот совет на НРД, бројот на загинати во офанзивата на украинските сили за безбедност, која што започна во понеделник во Доњецк би можел да биде 100, меѓу кои 50 од жртвите се цивили.

Инаку „Ројтерс“ наведе дека владата на Украина соопшти дека ќе продолжи со воената офанзива се додека ниту еден терорист не остане на украинска територија.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми