Руските трупи последните денови забавено се повлекуваат од украинската граница, но засега главните сили и натаму се во нејзина близина, изјави денеска офицер на НАТО кој побара анонимност.
– Има индиции дека на некои локации опремата и материјалот се пакуваат и се подготвуваат за движење, изјави офицерот на НАТО.
Тој напомена дека активноста што НАТО ја воочува може да значи забавено и фазно повлекување на армијата.
Украинска државна гранична служба во неделата соопшти дека руската војска се повлекува од нејзината граница.
Според наводи на ИТАР-ТАСС, рускиот претседател Владимир Путин на 19 мај ја потпишал наредбата за повлекување на армиските единици во базите по завршувањето на воените вежби во регионите на Ростов, Белгород и Бријанск.