Деветтото издание на уличниот театар под отворено небо „Баскерфест 2014“ ќе се одржува низ цела Македонија, односно во 21 македонска општина.
Официјалниот старт е вечер на градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје, а програмата започнува утре во Гевгелија. Скопје ќе биде домаќин од 6 до 15 јуни, а целата турнеја ќе трае до 30 јуни со затворање во Охрид, Дојран и Битола.
Улични претстави ќе има и во Кочани на 30 и 31 мај, Велес на 6 и 7 јуни, Свети Николе 7 јуни, Чешиново-Облешево на 10 јуни, Кавадарци на 13 и 14 јуни, Радовиш 14 јуни, Неготино 18 јуни, Виница 19 и 20 јуни, Берово, Македонска Каменица и Прилеп на 20 и 21 јуни, Крива Паланка, Пехчево и Тетово 21 јуни, Крушево 22 јуни, Дојран од 27 до 30 јуни, Ресен 28 јуни, Охрид 28 и 29 јуни, Делчево 29 јуни и Битола на 29 и 30 јуни.
Новитет годинава се ноќните официјални афтер парти забави на фестивалот кои ќе се одржуваат низ најголемите клубови во државата, а на кои ќе учествуваат и дел од баскер изведувачи, како и познати диџеи од Македонија и странство.
Овојпат Македонија ќе биде домаќин на повеќе од 150 артисти, музичари и театри од целиот свет, од Јапонија до Канада преку Нигерија, па се до Нов Зеланд.