Украинските сили целосно го контролираат меѓународниот аеродром во источниот украински град Доњецк, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Арсен Аваков.
Според него, Киев реагирал на активностите на сепаратистите од самопрогласената Доњецка Народна Република и украинската војска наложила контрола над аеродромот.
– Противникот претрпе сериозни загуби, а ние немаме загуби, прецизираше Аваков дополнувајќи дека акцијата во тој дел на Украина продолжува.