Јацењук: Преговори меѓу Украина и Русија, по се изгледа, не се можни без САД и ЕУ

Од:

Двострани преговори меѓу Украина и Русија, по се изгледа не се можни, без во нив да учествуваат САД и Европската унија, изјави на денешната владина седница украинскиот премиер, Аресинј Јацењук.

Тој дополни дека во сите украински министерства се воведува нова функција – заменик министер за евроинтеграција.

Тој уште пред министрите рече дека доколку до 29 мај Киев и Москва не постигнат договор за прашањето околу испораката на гас, Украина и рускиот Гаспром ќе се сретнат на Стокхолмската арбитража.

– Украина нема ништо да плати за руската достава на гас ако двете страни не се договорат за враќање на претходната цена – 268,5 долари за илјада кубни метри, изјави пред владината седница министерот за финансии, Олександар Шлапак.

– Подготвени сме да платиме откако тие ќе ни ја потврдат однапред цената на гас. Сегашниот предлог не ни одговара – „платете па после ќе почнеме да разговараме“ појасни министерот според кого за ова прашање се неопходни преговори со Москва.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми